(ВИДЕО) Се урна дел од потпорниот ѕид на Клиничкиот центар, биле известени сите и ништо не направиле повеќе од една година

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Центарот за управување со кризи (ЦУК) апелира до надлежните институции да се координираат и веднаш да се реши проблемот со потпорниот ѕид на улицата „Белградска“ над Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ кој е во лоша состојба и е накосен, а денеска на бројот 112 дури добиле и пријава дека дел од ѕидот е срушен.

-Од страна на ЦУК досега во повеќе наврати е интервенирано и се испратени дописи до Министерството за здравство, до градот Скопје и до општина Центар, но и до низа други јавни претпријатија во чија надлежност е решавањето на овој проблем. Затоа апелираме за итна координација помеѓу надлежните институции и итно надминување на оваа опасност, изјави директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

Тој појасни дека во ноември 2022 година до ЦУК стигнале пријави од неколку граѓани дека постои опасност да падне потпорниот ѕид кој е на улицата што е веднаш над Клиниката за детски болести во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и дека е во лоша состојба и е накосен. 

-Веднаш ги известивме сите надлежни институции, Министерството за здравство, градот Скопје, општината Центар, а и МВР беше запознаено за преземање на потребните мерки за да се заштитат животот и здравјето на граѓаните. За жал година и пол подоцна не е преземено ништо. Состојбата со ѕидот е влошена, а рано утрово добивме пријава на 112 дека дел од ѕидот е срушен. Прашање е на време кога ќе се сруши останатиот дел. Затоа апелираме до Министерството за здравство, до градот Скопје и до општина Центар итно да се зафатат со санирање на проблемот, рече Ангелов. 

Меѓу другото, како што посочи, под ѕидот се паркираат возила и минуваат лица кои се движат во кругот на Клиничкиот центар. 

-Проблемот е комплексен затоа што под самата улица „Белградска“, која го разграничува Клиничкиот центар од куќите кои се наоѓаат над него, постои систем на шахти и подземни канали кои се во лоша кондиција и не ја собираат подземната вода кој доаѓа од падините на Водно поради што избива под ѕидот и дополнително ја нарушува неговата стабилност, но и стабилноста на улицата. Во најлошо сценарио можно е да дојде до рушење не само на ѕидот, туку и на дел од улицата по која возилата се движат во двата правци и едвај може да се разминат. Затоа може да дојде до поголема трагедија во која ќе бидат опфатени и возила. Во опасност се човечки животи, здравје, но и човечки имот, мислејќи на паркираните возила под ѕидот, појасни Ангелов и додаде дека не може да ја утврдат сопственост на шахтите и каналите на улицата „Белградска“.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ... Loading …



Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
13.6 ° C
13.6 °
13.6 °
87 %
1.2kmh
83 %
Wed
13 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе...

Уапсен претседателот на Кошаркаскиот сојуз на Грција, под истрага и судии од Европлигата

Претседателот на Кошаркарската асоцијација на Грција, Вангелис Лиолиос,...

Мекалистер „удри“ по претходниот менаџер, Арне Слот

Синоќа на „Енфилд“, по спектакуларен пресврт, Ливерпул го...