Метеоролозите за денес (понеделник) прогнозираат многу топло време, со слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Температурата во гостиварскиот регион ќе се движи од 15 до 30 степени.
Според прогнозите на синоптичарите во деновите од работната седмица кои се пред нас, ќе владее многу топло време. Дневната температура ќе биде над 30 степени, а наместа ќе достигнува и до 40 степени. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе се искачи до вредност 9.
Преземено од: GostivarPress













