Стипендии за студии во Италија и Мексико

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Амбасадата на Италија во Скопје известува за можноста за добивање  стипендии за македонски државјани од страна на Владата на Италија за академската  2024-2025 година.

Како што објави МОН на својата веб-страница, заинтересираните кандидати може да аплицираат за неколку категории студии во Италија: напредни курсеви во траење од три месеци за усовршување на јазикот за студенти по италијански јазик; втор степен универзитетски студии (двегодишни постдипломски); студии за високо образование во областа на ликовната уметност, филмска и драмска уметност, музичката уметност и танцот; докторски студии и истражувачки проекти.

Подетални информации за  аплицирањето може да се најдат на веб-страницата на Амбасадата на Италија (www.ambasada.esteri.it), како и на порталот на Италијанската влада наменета за студирање во Италија и за стипендии (https://studyinitaly.esteri.it) од каде што може да се преземе апликацијата.

Таа треба да се пополни и електронски да се прати до 14 јуни 2024 во 14:00 часот. 

Министерството за образование и наука известува и за повик за стипендии за изворедност на Владата на Обединетите Мексикански Држави за 2024 година.

-Конкурсот е за странци кои се заинтересирани да студираат во Мексико на магистерски и докторски студии, постдипломски истражувања, како и додипломски и постдипломски програми за студентска мобилност, наведува МОН во објавата. 

Информации за повикот се достапни на интернет-страницата https://www.gob.mx/amexcid/acciones-y-programas/becas-para-extranjeros-29785 Рокот за аплицирање е до 28 јуни 2024.

Пријавите по овој повик се доставуваат електронски преку системот за управување со академската соработка SIGCA: https://sigca.sre.gob.mx/login.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ... Loading …



Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
8.3 ° C
8.3 °
8.3 °
79 %
0kmh
96 %
Sat
18 °
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
10 °
Wed
12 °

Поврзани написи

Мурињо пречкртал тројца играчи во Реал Мадрид

Жозе Мурињо веќе почна да го обликува Реал...

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама

Денеска, на протестот пред кабинетот на премиерот во...

ПСЖ замената за Кварацхелија ја најде во Баскија

Хвича Кваратцхелија заработи сериозна повреда на коленото на...

Тема на денот со Димитар Димески, историчар

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Тема на...

Јувентус има 16 повредени фудбалери

Им нема крај на проблемите со повредите, со...