Американка ќе добие милион долари по смртта на поранешното момче – Реален Медиум за Реални Луѓе – Македонски Медиа Сервис

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Американката Маргарет Лосинџер ќе наследи над милион долари од пензискиот фонд на момчето со кое се гледала пред повеќе од 30 години, според првичната одлука на Судот.

Во 1987 година кога Лосинџер имала 31 година, била во врска со Џефри Ролисон. Тогаш тој во рачно напишаниот тестамент, неа ја именувал како единствена корисничка на неговите пензиски заштеди.

Според судските документи, откако Џефри и Маргарет стапиле во врска, почнале да живеат заедно, но бракот не се случил бидејќи тој не бил подготвен. Таа сакала брак и деца, па ја прекинала врската и си заминала. Подоцна се омажила и добила деца, додека Ролисон имал долгогодишен партнер, пишува „Волстрит журнал“ (Wall Street Journal).

Откако Ролисон починал на 59-годишна возраст, неговите браќа го наследиле имотот. Но, се изненадиле од статусот на неговата поранешна девојка.

Маргарет, имено, ќе ги наследи сите негови заштеди од 1,15 милиони долари од пензискиот фонд. Браќата и сестрите на починатиот го оспориле тоа побарување на суд, но изгубиле. Поднесена е и жалба на таа одлука бидејќи тужителите сметаат дека тоа не било намера на починатиот, туку само невнимание.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ... Loading …



Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
11.5 ° C
11.5 °
11.5 °
83 %
0.2kmh
100 %
Sat
12 °
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
11 °
Wed
9 °

Поврзани написи