Освен што се вкусни, праските имаат бројни здравствени придобивки

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Праската е слатко, вкусно и многу здраво овошје, популарно во секој дел од светот. Многу е тешко да не ги сакате праските, а ќе ги засакате уште повеќе кога ќе ги откриете многуте здравствени придобивки кои ги носат овие сочни летни овошја.

Ова сочно овошје е одличен извор на многу важни хранливи материи. Најзастапени витамини во праските се А, Ц, Е, К и Б3. Благодарение на моќните антиоксиданси, витамините Ц и Е, праските можат да бидат од голема корист за одржување на здравјето на целиот организам.

Праските имаат бројни здравствени придобивки, а ова се најважните:

Праските помагаат за здравјето на очите

Бојата на праските е јасен знак дека тие се полни со витамин А, хранливи материи кои се важни за здрави очи и супер остар вид. Витаминот А е всушност антиоксиданс способен да го заштити од оштетување осетливиот слој на клетките (мрежницата) кој се наоѓа на задниот дел на очите. Бета-каротинот е одговорен за здравјето на очите, а праските содржат голема количина на овој антиоксиданс.

Овој провитамин ја храни и заштитува мрежницата на окото од слободните радикали и спречува катаракта и сенилна макуларна дегенерација.

Јадењето на овие плодови е одлично за кожата

Поради витаминот Ц, праските се многу добри за кожата. Оваа хранлива материја, која е моќен антиоксиданс, ги штити клетките на кожата од слободните радикали со неутрализирање на штетните молекули. Витаминот Ц е многу добар за одложување на појавата на различни знаци на стареење на кожата, како што се брчките и фините линии. Витаминот Е присутен во ова овошје ја штити и хидрира кожата и придонесува за нејзино опоравување од оштетувањата предизвикани од слободните радикали.

Го зајакнуваат вашиот имунолошки систем

Покрај тоа што ја прави кожата здрава и помлада, витаминот Ц го зајакнува и вашиот имунолошки систем. Во денешното време, кога сите се изложени на стрес, лош избор на храна, нездрав начин на живот и загадувачи на животната средина, слабиот имунолошки систем дефинитивно не е добар избор. Со редовно консумирање праски, не мора да ви трпи имунитетот.

Нивното јадење ви помага да изгубите тежина

Внимателно размислување за тоа што ставате во уста е од суштинско значење ако сакате да се ослободите од несаканите килограми. Кога сакате слатко, посегнете по неколку праски наместо сладолед или чоколадо. Ако изедете една праска со средна големина, ќе внесете само 60 калории, а притоа богато ќе се снабдите со вредна нутритивна содржина.

Праските промовираат здрав кардиоваскуларен систем

Со оглед на тоа што содржат добри количини на влакна, редовното консумирање праски може да помогне во контролата на високиот холестерол, кој е фактор на ризик за развој на крвни садови и срцеви заболувања.

Праските содржат фенолни соединенија кои го спречуваат создавањето на ЛДЛ холестерол. Ова сочно овошје е исто така богато со антиоксиданси кои помагаат да се спречат масните молекули да влезат во вашиот крвоток. Бидејќи тие не содржат заситени масти, тие може да се додадат во диета со малку маснотии за оптимално кардиоваскуларно здравје.

Праските содржат фенолни соединенија кои го спречуваат создавањето на ЛДЛ холестерол.

Го подобруваат дигестивното здравје

Благодарение на изобилството на вода и влакна присутни во ова вкусно овошје, јадењето праски може да помогне да се спречи запек. Вклучувањето во исхраната помага да се исфрлат нечистотиите кои можат да се соберат по цревата, предизвикувајќи секакви проблеми како што се стомачни грчеви и гасови. Влакната во праските помагаат и во намалување на ризикот од развој на рак на дебелото црево.

Нивното јадење помага во борбата против воспалението

Според експертите, воспалението може да доведе до низа проблеми. Некои од нив вклучуваат рак, срцеви заболувања, остеопороза, артритис, дебелина и дијабетес. Вклучувањето на повеќе антиоксиданси во вашата исхрана помага да се запре воспалението што веќе се случува кај вас. Некои од најдобрите и најефикасните извори на антиоксиданси се праските.

Високата содржина на калиум во плодот на праската е одговорна за превенција од бубрежни заболувања како и за превенција од чир на желудникот.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
light rain
13.6 ° C
13.6 °
13.6 °
87 %
1.2kmh
83 %
Wed
13 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе...

Уапсен претседателот на Кошаркаскиот сојуз на Грција, под истрага и судии од Европлигата

Претседателот на Кошаркарската асоцијација на Грција, Вангелис Лиолиос,...

Мекалистер „удри“ по претходниот менаџер, Арне Слот

Синоќа на „Енфилд“, по спектакуларен пресврт, Ливерпул го...