Вчера (17 јуни) во 23.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Гостивар – Вруток, во Здуње, патничко моторно возило „џип“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од З.С.(58) од гостиварски Вруток, удрило во пешакот А.Ш.(61) од Врбјани.
Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани од Медицински центар Гостивар, извести полицијата.
Увид извршила екипа од ОВР Гостивар.
Преземено од: GostivarPress













