Црна хроника Гостивар: Агресивно однесување и закани, оштетено возило, кражба на кози…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


СВР Тетово во последното деноноќие на гостиварско подрачје регистрира неколку настани, кои ги пренесуваме во продолжение.

Вчера (22 јуни) во Гостивар, полициски службениц од ОВР Гостивар го привеле 31 годишниот гостиварец С.С., постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал и се заканувал на неговата 45 – годишна сопруга со која е во бракоразводна постапка.

Исто така вчера, во 11.22 часот во ОВР Гостивар, Е.Б.(51) од гостиварско М.Турчане пријавил дека во период од 23.00 часот на 21.06.2024 до пријавувањето во близина на неговиот дом во селото со тврд предмет било оштетено неговото паркирано патничко моторно  возило „дачија“ со скопски регистерски ознаки.

Во 12.14 часот во ОВР Гостивар, 35 – годишник од Скопје пријавил дека неговиот брат М.С.(31) од гостиварско село физички го нападнал и му го одзел неговото патничко моторно возило „ланд ровер“ со скопски регистерски ознаки. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во ОВР Гостивар, Ш.З.(56) од Гостивар пријавил дека во период од 20.00 до 22.00 часот од неговата штала му биле одземени домашни животни – кози.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
overcast clouds
9 ° C
9 °
9 °
84 %
0.1kmh
100 %
Sun
16 °
Mon
14 °
Tue
10 °
Wed
11 °
Thu
9 °

Поврзани написи