Изет Меџити ќе биде прв вицепремиер во Владата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Согласно џентлменскиот договор во владината коалиција Изет Меџити ќе биде прв вицепремиер во Владата, потврди денеска премиерот Христијан Мицкоски.

„Според законот кој што е важечки Владата односно премиерот има заменици, а договорот којшто го имаме во рамките на коалицијата е да да има прв вицепремиер и тоа ќе биде господинот Изет Меџити. Но тоа е надвор од законот. Законот вели односно подразбира само заменици на претседателот на Владата. Тоа што досега е работено на диво и незаконски, тоа нема да биде пракса во работењето на оваа Влада. Но, да џентлменскиот договор во рамките на нашата коалиција и во рамките на нашето функционирање е таква“, рече Мицкоски, кој денеска беше на ставање камен темелник на основно училиште во Драчево.

Прв вицепремиер во минатата Влада беше Артан Груби од ДУИ, а за првпат тој беше назначен како вицепремиер во Владата на 20 август 2020 година во Владата на Зоран Заев.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
clear sky
12.1 ° C
12.1 °
12.1 °
81 %
0.1kmh
9 %
Fri
11 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
13 °
Tue
13 °

Поврзани написи