Најмногу дожд во Дојран, утрово најсвежо на Попова Шапка

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Дојран, 16 литри на метар квадратен, а најмалку во  Пожаране и Гевгелија, еден литар на единица површина. Утрово, пак, е најсвежо на Попова Шапка, осум степени, а максимални 18 степени се измерени во Гевгелија, Кавадарци, Велес и Дојран.

Како што информира УХМР, до 08 часот утрово се измерени 15 литри на метар квадратен во Охрид, 10 во Битола и Крушево, 9 во Лазарополе, 7 во Претор и Маврови Анови, 6 во Ѓуриште, 4 во Кавадарци, Пожар, Прилеп, Демир Капија и Виница, 3 во Штип, како и два во Тополчани, Струмица, Крива Паланка и Велес.

До 08:30 часот било 9 степени во Лазарополе, 11 во Маврови Анови и Крушево, 12 во Претор, 13 во Берово и Охрид, 14 во Битола, 15 во Крива Паланка, Прилеп и Виница, 16 во Тетово и Струмица, како и 17 во Скопје-Зајчев Рид, Штип, Куманово и Демир Капија.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, претпладне со локален краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, особено во западните делови. Долж Повардарието ќе дува засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 32 степена. UV=7.

Во Скопје променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 28 степени. 





Преземено од: Линк

Tetovo
clear sky
8.8 ° C
8.8 °
8.8 °
88 %
0.1kmh
0 %
Sat
17 °
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
11 °
Wed
4 °

Поврзани написи

Тема на денот со Димитар Димески, историчар

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Тема на...

Јувентус има 16 повредени фудбалери

Им нема крај на проблемите со повредите, со...

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД, доколку...