Мали шанси за тет-а-тет средба Мицкоски-Мицотакис, официјална Атина сепак ќе се „жали“ за Преспанскиот договор

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Непосредно пред почетокот на Самитот  на НАТО во Вашингтон, официјална Атина на минимум ги сведува шансите за средба меѓу грчкиот премиер Мицотакис и македонскиот Мицкоски иако двајцата државници се на исто место во исто време. Затоа пак, грчките претставници се се’ погласни дека прашањето за наводно непочитување на Преспанскиот договор ќе го отворат на самиот состанок на Алијансата.

„Секако дека ќе се покрене прашањето за прекршување на основните одредби од Договорот од Преспа од соседната земја. Не знам за некоја планирана средба со премиерот на Северна Македонија. Не знам дали ќе се случи, но сигурно не постои нешто што е планирано од грчка страна“

Вчера пак, портпаролот на грчката Влада Маринакис отворено обвинуваше дека новата власт во Македонија не ја почитува ни првата страница од Преспанскиот договор и дека името на државата е за ерга омнес употреба.

Сосема спротивно, од македонската страна велат дека може да се отвори темата за почитувањето на Преспанскиот договор, но за тоа дали Грција ги исполнила своите обврски.

За наводно непочитување на меѓународните обврски од страна на Македонија ќе се пожалела и бугарската делегација во Вашингтон преставена преку привремениот премиер Главчев. Македонските позиции во Вашингтон за бугарските барања за уставните измени ги коментираше директорно премиерот Мицкоски на предавање што тој го имаше на Џонс Хопкинс Универзитетот

Предавањето на Мицкоски не единствена активност на македонската делегација пред официјалниот почеток на Самитот. Тој, со министрите Мисјаловски, Муцунски и Тошковски и собранискиот спикер Гаши имаше средба со американски конгресмени. Мицкоски имаше средба и со поранешниор директор на ЦИА, Ричард Гренел и претседателот на ИРИ Даниел Твининг.

Наспроти реториката на Грција и Бугарија Самитот, главните теми за светките лидери во Вашнгтон се помошта и членствотот на Украина, потоа нова одбранбена стратегија на НАТО на границата со Русија, како и кинескотот влијание во светската геостратегија. Западниот Балкан и регионалните односи воопшто ги нема во агендата на НАТО самитот.





Преземено од: Линк

Tetovo
few clouds
8.8 ° C
8.8 °
8.8 °
82 %
0.1kmh
20 %
Sat
17 °
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
11 °
Wed
8 °

Поврзани написи

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама

Денеска, на протестот пред кабинетот на премиерот во...

ПСЖ замената за Кварацхелија ја најде во Баскија

Хвича Кваратцхелија заработи сериозна повреда на коленото на...

Тема на денот со Димитар Димески, историчар

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Тема на...

Јувентус има 16 повредени фудбалери

Им нема крај на проблемите со повредите, со...

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД, доколку...