Синдикатот на Клинички со поддршка – Медицинската сестра од Детска утре пред Комисија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Комисијата од Клиниката за детски болести утре треба да го расчисти случајот со тримесечното бебе од Сарај за кого семејството обивнува дека е повредено од здравствен работник на одделот за имунологија. Медицинската сестра утре ќе ја каже и својата страна на приказната која предизвика бурни реакции во јавноста со објавување на снимки од доенчето кое има модринки по раката.

Помош и поддршка сестрата доби и од Синдикатот на Клинички центар чиј член е, од каде посочуваат дека не смее да се обвинува никој пред да се докаже вина, да не се прават приказни на етничка основа и тоа на грбот на медицинските лица. Нема да дозволат да се гази достоинството на македонските здравствени работници.

– Јавно повикуваме и на инспекцискиот и стручниот надзор да утврдат дали има  пропусти во стручната работа на медицинската сестра, и согласно извештаите доколку се во корист на медицинскиот персонал,  да се поведе постапка против сите лица кои јавно, навредуваа и спроведуваа политички дневни агенди, стои во реакцијата на Самостојниот синдикат на Клинички.

Медицинската сестра од Детска доби поддршка и од свои колешки. Снежана Исаковска која со децении работи на Клинички реагира на отсустноста на фелата.

-Не верувам дека здравствен работник може намерно да нанесе повреди на тримесечно бебе. Ме загрижува индиферентноста на здруженијата на медицински сестри, техничари и акушерки. Сега во овој момент требаше да преземат некакви чекори, да излезат со некакви изјави- Ако колешката е виновна нека докаже формираната Комисија, а ако не е виновна, досега никој не излезе јавно да каже дека треба да се сопре со овие напади на медицинск исестри и сите здравствени работници, затоа што сите се чуствуваат загрозени со вакви ситуации и фрапирани што може да ни се случи, вели Снежана Исаковска, медицинска сестра и член на ЗМСТАМ

Иако на социјалните мрежи имаше ставови дека бебето има тромбоцитопенија која предивикува подливи и модринки, директорот на Детска вели дека тие сомнежи биле отфрлени при приемот на клиниката  кога биле направени анализи.

Со обелоденување на случајот, истиот ден министерот за здравство  и директорот на Детска го посетија семејството во Сарај. Таравари кажа ако има вистина во обвинувањата, ќе има и санкции.





Преземено од: Линк

Tetovo
clear sky
8.8 ° C
8.8 °
8.8 °
88 %
0.1kmh
0 %
Sat
17 °
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
11 °
Wed
4 °

Поврзани написи

Тема на денот со Димитар Димески, историчар

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Тема на...

Јувентус има 16 повредени фудбалери

Им нема крај на проблемите со повредите, со...

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД, доколку...