Совет за превенција на Гостивар: Дворовите на училиштата отворени за паркирање, повторно се наплаќа зонскиот паркинг

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Како да се намалат гужвите низ улиците во Гостивар во летниот период и да се воведе поголем ред во сообраќајот. Овие прашања се најдоа во средиште на вниманието на денешната седница на Советот за превенција, во кој учествуваат претставници на надлежните локални институции. Во дискусијата беше потенцирано дека е неопходно да се регулира сообраќајниот метеж, кој особено е изразен со престојот на печалбарите во родниот крај. Во таа насока беа донесени неколку заклучоци, препораки и мерки.

„На оваа втора седница на Советот за превенција пред се зборувавме за регулирање на сообраќајот, затоа што очекуваме зголемена фреквенција на возила. Една од мерките кои ги донесовме е отворање на дворовите на сите училишта за да може граѓаните да ги користат за паркирање на возилата. Исто така, од денес почнува наплатата на зонскиот паркинг, со што сметаме дека ќе се стави поголем ред во сообраќајот. Напоменуваме дека активна е пајак службата за подигнување на непрописно паркираните возила. Апелираме до граѓаните помалку да ги користат возилата, а почесто да се движат пеш или со велосипед“, изјави градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, кој претседава со Советот.

Зонското паркирање се враќа во функција по подолга пауза, а надлежните потенцираат дека ќе се користат блокатори доколку не е извршено плаќањето.

Како критични точки во сообраќајот беа истакнати раскрсниците кај Аида, стара Стопанска, двата кружни тека близу Пожарна и други, за коишто полицијата најави поголемо присуство и контрола периодов.

На седницата се дискутираше и за подобро справување со менаџирањето на отпадот, опасностите од пожари на високите температури, проблемот со кучињата скитници, а беше испратен и апел за рационално користење на водата за пиење.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
overcast clouds
9.5 ° C
9.5 °
9.5 °
93 %
0.8kmh
100 %
Fri
16 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
15 °

Поврзани написи