ЦУК: Разгорен пожарот во реонот Селце – Драгоево, пожарникарите повлечени зашто се слуша пукање на муниција

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


ЦУК попладнво соопшти дека е добиено известување од РЦУК – Штип дека пожарот Селце – Драгоево на кракот кај АБХО полигон, поради зголемување на температурите и појава на ветер, е разгорен и префрлен преку трасата на гасоводот. На еден дел е сопрен од страна на ТПППЕ-Штип меѓутоа на друг дел има префрлено преку трасата и се слуша пукање на муниција.

Поради загрозеност на безбедноста на екипите од пукање на муниција и густ чад, пожарникарите се повлечени на безбедно растојание. Доколку се во можност ќе продолжаат со гаснењето на пожарот. Од градоначалникот на Штип побарано е дополнителна подршка со градежна механизација за правење  пресеци.

РЦУК – Тетово, известува дека пожарот помеѓу селата Челопек и Милетино-Општина Брвеница е локализиран во 16:20 часот. Зафатена беше поголема површина обрасната со сува трева, грмушки и остатоци од ожнеана пченица. Причина за пожарот е човечки фактор односно палење на остатоци од ожнеана пченица и јачмен. 

На бројот 112 во Центар за управување со кризи е добиена пријава на пожар  на отворено кај Бегово Поле и полициска куќарка кај Бачила и кај Планинарски дом Караџица. Станува збор за непристапен терен и за да се стигне до таму со возила би требало многу време.





Преземено од: Линк

Tetovo
few clouds
8.8 ° C
8.8 °
8.8 °
82 %
0.1kmh
20 %
Sat
17 °
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
11 °
Wed
8 °

Поврзани написи

ПСЖ замената за Кварацхелија ја најде во Баскија

Хвича Кваратцхелија заработи сериозна повреда на коленото на...

Тема на денот со Димитар Димески, историчар

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Тема на...

Јувентус има 16 повредени фудбалери

Им нема крај на проблемите со повредите, со...

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД, доколку...