АХВ: Заштитете ги и животните од високите температури

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Во услови на високи надворешни температури Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира да се води грижа и за домашните животни и милениците. Намалено консумирање на храна, зголемена потреба за вода, намалено производство на млеко и слаб прираст се дел од последиците врз здравјето на животните кои може да ги предизвикаат високите температури. Висок процент влага и недоволна вентилација во објектите може да биде причина за појава на топлотен удар, а сончаницата се појавува како последица на непосредно, директно изложување на животните на сонце, при што исходот може да биде фатален за животните доколку не се делува на време. Напорната работа или транспортот на животните при високи температури, дополнително придонесува за влошување на нивната здравствена состојба.
Забрзано и плитко дишење, несигурен од (тетеравење), суви слузници, зголемена телесна температура, забрзан пулс, исплашен поглед, зголемена жед, тикови и грчеви на мускулите кои се јавуваат при посериозните случаи, се дел од симптомите по кои може да се препознаат топлотниот удар и сончаницата кај животните, за што е неопходна итна реакција.

Во вакви услови животното треба да се смести во ладовина или во разладена просторија и полека да му се даде доволна количина свежа вода. Телесната температура треба да се намали со ставање на ладни облоги  (покривање на главата и вратот со ладна и влажна крпа), туширање/прскање со умерено ладна вода, но треба да се внимава ладењето на животното да не биде премногу брзо.
За да се обезбедат соодветни услови за животните на одгледувалиштата, при високи температури потребно е да се внимава и на населеноста (густината) на сместување на животните во објектите. Животните треба да бидат заштитени од директнaта изложеност на сончевите зрачења, односно, во испустите потребно е да има натстрешници или природна сенка. На животните во одгледувалиштата треба во секое време да им е достапна свежа вода за пиење. Доколку животните одат на паша или треба да се транспортираат тоа треба да се врши во раните утрински или вечерните часови кога температурите се пониски.

Сопствениците на домашни миленици треба да водат сметка милениците да не се оставаат во затворен автомобил кој е директно изложен на сонце и да се избегнуваат прошетки во текот на најтоплиот период од денот. На животните,  доколку сте во можност и на бездомните за кои нема кој да се грижи, во услови на високи надворешни температури, обезбедете им доволна количина и постојана достапност до свежа и чиста вода за пиење.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
overcast clouds
18.6 ° C
18.6 °
18.6 °
62 %
1.4kmh
98 %
Wed
18 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи