Наједноставниот рецепт за плескавици од тиквички е сѐ што ви треба во овие топли денови за супер брз ручек и совршен вкус!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Тиквичките се таков зеленчук што, дури и ако некому не му се допаѓаат, можете лесно да ги маскирате во некој рецепт за да му дадете дополнителна сочност и хранливи материи, без никој да помисли дека токму тие се дел од тоа јадење.

Има многу рецепти со овој прекрасен зеленчук, но во подолжение ви претставуваме еден од наједноставните, кои всушност се и највкусни.

Брзи плескавици од тиквички

Потребни состојки:

  • околу 300 гр тиквички
  • 5 парчиња бајат леб
  • 1 јајце
  • 50 гр рендан кашкавал, на пример гауда
  • 1 лажичка црвен пипер
  • сол и бибер по вкус
  • презла
  • масло за пржење

Тиквичките изрендајте ги и посолете ги, па оставете ги да отстојат околу 15 минути за да се исцеди водата. Во меѓувреме лебот исечкајте го на ситни парчиња вклучувајќи ја и кората.

Кога тиквичките ќе се исцедат, истискајте ги уште еднаш, па добро измешајте ги со лебот и сите останати состојки. Иако смесата е сирова, слободно пробајте ја за да видите дали треба да додадете повеќе зачини.

Откако смесата добро ќе се соедини, обликувајте ги плкескавиците малку помали од големината на дланката. Тие треба да бидат малку меки, но не треба да се распаѓаат кога се обликуваат. Доколку се распаднат бидејќи смесата е премногу мека, по потреба додадете уште малку презла.

Обликуваните парчиња посипете ги во тенок слој презла. Потоа следува пржењето, а маслото треба да е добро загреано, но да не е премногу жешко за да не изгори надворешноста, а внатрешноста да остане сирова.

Затоа, за почеток, ставете само една на тавата и, врз основа на сопствената проценка, одредете колку брзо се готви. За да имаат идеална текстура, потребно е да се пржат на умерен оган околу две минути од секоја страна, односно додека не добијат златна боја.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
overcast clouds
12.2 ° C
12.2 °
12.2 °
82 %
0.9kmh
86 %
Fri
16 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
15 °

Поврзани написи