Голем дел од мотоциклистите во Гостивар неодговорни, 24 казнети вчера

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Во рамките на континуираните активности што ги презема СВР Тетово за поголем ред и безбедноста на сообраќајот, вчера (21 мај) во периодот од 17.00 до 22.00 часот спроведена е акциска контрола за  прекршоците што ги прават возачите на мотоцикли.

При контролата биле откриени и санкционирани 52 прекршоци (ТЕ-28 и ГВ-24), од кои најголемиот дел биле за некористење на заштитен шлем-кацига, 1 мотоцикл со поминат рок на важност на сообраќајната дозвола, 5 со поминат рок на осигурителната полиса и 9 без возачка дозвола, како и 9 останати сообраќајни прекршоци, извести СВР. Против возачите биле поднесени соодветни поднесоци.

СВР Тетово апелира до возачите на мотоцикли да навремено ги продолжуваат осигурителните полиси или регистрации, да не управуваат со мотоцикл без положен возачки испит, затоа што секоја сообраќајна незгода која се случила со учество на мотоцикл, крајните последици биле сериозни, а со тоа ќе придонесат за личната безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
light rain
18.2 ° C
18.2 °
18.2 °
58 %
1.6kmh
68 %
Thu
18 °
Fri
17 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи