Мостот кај судот во Гостивар ќе го смени ликот, се планира да биде помодерен и поголем

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Идната година, мостот во близина на судската зграда во Гостивар целосно ќе се реконструира, ќе се прошири и ќе добие модерен лик. Најавата доаѓа од в.д. градоначалникот на Гостивар, Ваљбон Лимани при гостувањето во Gostivarpress.mk интервју.

На прашањето кои капитални проекти може граѓаните да ги очекуваат додека ја извршува функцијата прв човек на Гостивар, Лимани одговори:

„Имаме во план неколку проекти, не би сакал сега да откривам сѐ. Најверојатно ќе имаме нов мост, се работи за мост кој ја поврзува улицата што минува пред општинската зграда со судот. Таму се надевам до крај на пролетта ќе имаме нов мост, затоа што стариот според податоците кои ги имаме, не дека е нефункционален, но му треба реновирање и поради тоа ќе има нов мост, помодерен, поголем. Да речеме дека во оваа година и три месеци раководење со општината, тоа ќе биде како еден белег на нашиот град“.

Овој проект се очекува да придонесе за растоварување на сообраќајот во централното градско подрачје. За поголем сообраќаен ред низ улиците во Гостивар, од пред десетина дена повторно во функција е ставен зонскиот паркинг. Лимани апелира граѓаните да го плаќаат паркингот според предвиденото.

„На почетокот секогаш постои отпор кога треба да се плаќа нешто, ние такви сме по природа, така реагираме. Но, за сега оди добро, првите денови не користевме многу репресивни мерки, блокаторите беа надвор од употреба, тоа беше еден период на адаптација, се надевам дека со тек на време ќе се подобрува. Наредните денови веќе ќе се почне и со поставување на блокатори. Апелирам граѓаните да плаќаат таму кадешто паркираат, со тоа ќе придонесат и јавното претпријатие да дава поквалитетни услуги.“, подвлече тој.

Во интервјуто разговаравме на повеќе различни теми како хигиената во градот, недостигот на паркинг, кучињата скитници, општинскиот долг, приоритетите на локалната самоуправа во следниот период итн. Во вториот дел пак, се осврнавме повеќе на приватниот живот и личните искуства на нашиот соговорник.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
overcast clouds
9.5 ° C
9.5 °
9.5 °
93 %
0.8kmh
100 %
Fri
16 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
15 °

Поврзани написи