Мотив за убиството во Дебреше биле несогласувања и конфликти

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


ОЈО Гостивар поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа со цел обезбедување одредени докази за трите приведени лица во врска со вчерашното убиство во Гостивар.

По истекот на тој законски рок, како што информираат од ОЈО Скопје, обвинителството ќе извести за истражната постапка и новите мерки за обезбедување што ќе бидат предложени.

Согласно првичните сознанија, мотив за убиството се подолготрајни несогласувања и конфликти меѓу сторителите и жртвата, стои во соопштението од ОЈО.

Вчера околу 17:15 часот во СВР Тетово било пријавено дека во гостиварско село Дебреше со автоматско оружје било пукано кон Р.К.(35) од Дебреше.

Како осомничени извршители на делото се браќата Ј.В и Б.В. од истото село. Тиe во моментот на извршувањето биле во патничко возило „Волво“ со швајцарски регистарски ознаки. Едниот од нив, Б.В. е приведен. Од него е одземена автоматската пушка со која го извршил делото, наведе вчера портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
light rain
13.6 ° C
13.6 °
13.6 °
87 %
1.2kmh
83 %
Wed
13 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе...

Уапсен претседателот на Кошаркаскиот сојуз на Грција, под истрага и судии од Европлигата

Претседателот на Кошаркарската асоцијација на Грција, Вангелис Лиолиос,...

Мекалистер „удри“ по претходниот менаџер, Арне Слот

Синоќа на „Енфилд“, по спектакуларен пресврт, Ливерпул го...