Голем пожар во Ново Село – зафати три куќи

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Неколку семејства од Ново Село останаа без кров над глава откако попладнево нивните куќи беа зафатени со голем пожар. Пожарот е на самиот почеток на селото на околу стотина метри воздушна линија од бензинската пумпа. Според првичните информации зафатени се 4 куќи и неколку помошни објекти. Во битката со пламените јазици вклучени се 16 пожарникари од струмичката противпожарна единица со 5 возила, месното население а се делува и од воздух со еден полициски и еден армиски хеликоптер.

Гаснењето на пожарот го отежнува и  ветрот што дува, но и големите количини горлив материјал што се наоѓа во зафатените дворови.  според екипите на терен пожарот се шири многу брзо.

Во струмичката противпжарна единица информацијата ја добиле околу 16 часот. Кај нив било пријавено дека гори штала од која за кратко време биле зафатени и соседните куќи. За сега причините остануваат непознати. За среќа, нема повредени лица.





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
9.5 ° C
9.5 °
9.5 °
93 %
0.8kmh
100 %
Fri
16 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
15 °

Поврзани написи