СВР Тетово извести дека вчера (24 јули) во 18.20 часот во ОВР Гостивар, 35-годишна жена од гостиварско пријавила дека околу 15.30 часот нејзиниот невенчан сопруг Џ.Џ. од гостиварско агресивно се однесувал кон неа, не ѝ давал да ги види нивните малолетни деца и се обидел физички да ја нападне. Според пријавеното, таа побарала помош и од Центарот за социјални работи Гостивар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.
Исто така вчера, во 23.40 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.Н.(46) од Гостивар, кој бил пријавен од неговиот брат 53 – годишен брат дека агресивно се однесува кон него и неговото семејство и му се заканувал. Тој е задржан во полициска станица и против него ќе следува соодветен поднесок, соопшти СВР.
Преземено од: GostivarPress













