Извинете, трпение и вода ќе има до крајот на денот, порача Јорданов на штипјани

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Поврзувањето на новата водоводна линија во Штип и денеска остави дел од населбите без вода за пиење. Градоначалникот Иван Јорданов упати јавно извинување до граѓаните и уште еднаш повика на трпение, додека да се реши проблемот и да се нормализира водоснабдувањето во градот. Граѓаните на населбите Осми Ноември, Пребег, Железничка, Исар, Ново Село, Сењак, Дузлак и Баби втор ден немаат вода за пиење.

Јорданов посочи дека е свесен за потешкотиите со кои се соочуваат граѓаните и вели дека станува збор за зафат кој не се случил во изминатите 50 години.

-Сакам да се извинам на нашите сограѓани кои во текот на вчершниот и денешниот ден имаат проблеми со водоснабдувањето. Но, она кое е крајна цел е конечно решавање на долгогодишниот проблем со водоснабдувањето на територија на Штип и зафат кој ќе служи за наредни 50 години. Јас сум свесен дека ова во кое влеговме е цел зафат и никој досега не се одлучил заради проблематиката и заради самата природа на работа, изјави Јорданов.

Тој на денешната прес-конференција рече дека последните активности за  поврзаувања на главната водоводна линија се очекува да бидат завршени во текот на денешниот ден и сите населени места во Штип да добијат вода за пиење. Во меѓувреме беа поставени цистерни за техничка вода, а домаќинствата добиваа и флаширана вода за пиење.

-Барам трпение и очекувам во текот на денот да добијат вода за пиење населбите во кои нема, а тоа се Ново Село, Осми Ноември, Исар, Пребег, Железничка, Три Чешми,  а  во текот на денот имаше цистерни со вода и  се делеше и флаширана вода, вели Јорданов.

Посочи дека со решавање на овој проблем ќе се стави крај на дефектите со водоснабдувањето во градот во наредните 50 години. Најави дека следната, односно втората  фаза предвидува  изградба на резервоарите Пребег и Мери со што комплетно ќе се реши проблемот со ниска и висока зона и слабиот притисок на вода.

МИА

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ... Loading …



Преземено од: Линк

Tetovo
few clouds
8.8 ° C
8.8 °
8.8 °
82 %
0.1kmh
20 %
Sat
17 °
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
11 °
Wed
8 °

Поврзани написи

ПСЖ замената за Кварацхелија ја најде во Баскија

Хвича Кваратцхелија заработи сериозна повреда на коленото на...

Тема на денот со Димитар Димески, историчар

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Тема на...

Јувентус има 16 повредени фудбалери

Им нема крај на проблемите со повредите, со...

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД, доколку...