Во еден ден казнети над 100 брзи возачи во Полошко

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Вчера (28 јули) во периодот од 08.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, при што биле откриени и санкционирани вкупно 106 возачи (ТЕ-91 и ГВ-15) од кои 12 со брзина од над 70 километри на час повеќе од дозволеното.

Од нив 81 пречекорување се регистрирани надвор од населено место, а 25 пречекорувања на пропишаната брзина во населено место. Санкционирани се и 20 други видови сообраќајни прекршоци.

Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш со апел до учесниците во сообраќајот, да ги почитуваат сообраќајните правила, прописи и ограничувања, да ја прилагодат брзината според условите на патот, навреме да ја проверат техничката исправност на возилата, посебно на сопирачките и уредите за управување, но и на светлосната сигнализација, пневматиците и другите системи. На тој начин најнепосредно ќе придонесат за сопствената и за безбедноста на другите учесници во сообраќајот.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
light rain
18.2 ° C
18.2 °
18.2 °
58 %
1.6kmh
68 %
Thu
18 °
Fri
17 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи