Јавно осветлување Гостивар – Концесионерот кој се грижи да обезбеди безбедно и добро осветлено опкружување за сите граѓани на Општина Гостивар, ги информира корисниците дека е отворена бесплатна телефонска линија на која граѓаните, ќе може да пријавуваат проблеми со јавното осветлување на целата територија на Општина Гостивар.
Целта на оваа линија е навремено лоцирање и решавање на проблемите на граѓаните што се поврзани со уличното осветлување на територијата на Општина Гостивар.
Пријавувањето е едноставно и може да се направи на телефонскиот број 042 622 322, кој е активен 24 часа во текот на денот. Граѓаните треба да остават краток опис и адреса каде е забележан проблемот со уличното осветлување. По добивањето на пријавата, службите задолжени за неговото одржување навремено ќе реагираат на терен.
„Ја отворивме оваа телефонска линија за да обезбедиме брза и ефикасна услуга на граѓаните на Општина Гостивар. Покрај редовното одржување, нашата цел е да обезбедиме навремено и квалитетно решавање на сите проблеми поврзани со уличното осветлување. Со поддршка на нашите сограѓани, можеме да ги идентификуваме и поправиме сите дефекти и недостатоци, со што ќе обезбедиме побезбедна и поквалитетна животна средина за сите. Ги охрабруваме сите жители на територија на Општина Гостивар, да го користат овој број секогаш кога ќе забележат дефект или проблем со уличното осветлување, велат од Јавно осветлување Гостивар.
Пријавите на граѓаните се од клучно значење за одржување на квалитетното улично осветлување во нашата општина. Благодариме за вашата соработка и заедничката грижа за подобрување на условите за живот во Гостивар, порачуваат од компанијата.
(комерцијална објава)
Преземено од: GostivarPress













