СВР Тетово информира дека ноќеска во 2 часот и 10 минути после полноќ во ОВР Гостивар било пријавено дека на улица ,,Лазар Лазаревски“, на Б.З.(44) од Неготино полошко, кој управувал патничко возило „форд“ со гостиварски регистарски ознаки, му се слошило, по што изгубил контрола и со возилото удрил во паркирано возило „нисан“ со гостиварски регистарски ознаки. „Тој бил пренесен во Медицински центар во Гостивар, каде што лекар констатирал смрт. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа при ОВР Гостивар.“, извести полицијата.
Преземено од: GostivarPress













