Одделот за Обезбедување на ТАВ Македонија постапи во рамките на своите овластувања и спроведе стандардна проверка на претседателката на Косово Вјоса Османи Садриу и на нејзиниот багаж на пунктот за безбедноста проверка во ВИП – салонот со што воопшто не беше загрозена авијациската безбедност и безбедноста на патниците, порачуваат од ТАВ Македонија.
-Во согласност со Законот за воздухопловство и меѓународната законска регулатива која се однесува на обезбедување на цивилното воздухопловство, ТАВ Македонија како аеродромски оператор има законска обврска за спроведување на безбедносен преглед на сите патници, багаж и стоки на летовите од Меѓународниот аеродром Скопје и од Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, вклучувајќи ги и патниците кои патуваат преку ВИП-салонот. Оттука, Одделот за Обезбедување на ТАВ Македонија, постапувајќи во рамките на своите овластувања спроведе стандардна безбедносна проверка на споменатиот патник како и на неговиот багаж, на пунктот за безбедноста проверка во ВИП- салонот, со цел обезбедување на конкретниот комерцијален лет, велат од ТАВ.
Сакаме да потенцираме, додаваат, дека авијациската безбедност не беше загрозена, поради тоа што споменатиот инцидент се случи во јавната зона на аеродромот, односно пред пунктот за безбедносна проверка на ВИП-салонот од каде ВИП-патниците откако ќе бидат проверени од обезбедувањето се упатуваат во безбедносно-контролирана зона на аеродромот.
-ВИП-салонот е посебна зграда изолирана од главната терминална зграда на скопскиот аеродром, што значи дека е комплетно неточно дека била загрозена безбедноста на патниците. Со цел точна слика за случката и спречување на ширење дезинформации, за сите детали во однос на инцидентот, ги упатуваме медиумите да се обратат до надлежните институции, посочуваат од ТАВ Македонија.
Обезбедувањето на претседателот на Собранието Африм Гаши денеска им се заканувало на вработени во ТАВ Македонија кои побарале од претседателката на Косово да го остави телефонот за да помине на секенер кога поминувала низ гранична контрола на Меѓународниот аеродром Скопје.
Како што информираа претходно од МВР, денеска околу 10 часот додека претседателката на Косово поминувала на гранична контрола, во моментот кога било побарано да го остави телефонот да помине низ скенер, едно лице од нејзиното обезбедување го оттргнал вработениот во ТАВ, со цел таа да помине без скениран телефон и рачен багаж. Но, потоа, сепак, багажот бил вратен и поминал низ скенер.
-По половина час, дошло лице од обезбедувањето на претседателот на Собранието Гаши (полициски службеник) со уште две лица (полициски службеници) и почнал да се заканува кон вработените во ТАВ и да бара кој и направил проблем на претседателката. При тоа турнал и полициски службеник вработен на граничниот премин, соопшти МВР.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Чија е одговорноста за големиот број на пожари низ државата?
- На целиот систем кој не може да одговори на зачестените пожари (41%, 392 Гласови)
- На пироманите (20%, 188 Гласови)
- На државата која нема соодветна стратегија за справување до пожарите (19%, 181 Гласови)
- На надлежните институции кои не презеле мерки (12%, 112 Гласови)
- На неодговорните граѓани (8%, 79 Гласови)
Вкупно гласови: 952
Преземено од: Линк













