Шпанија избори четвртфинале и ја елиминира Хрватска од ракометниот турнир

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Шпанија избори пласман во четвртфиналето и во исто време ја елиминира Хрватска од ракометниот турнир на Олимписките игри во Париз. Шпанија славеше над Хрватска со 32:31 (20:15).

По бавниот почеток и водството на Хрватска од 2:3, Шпанците постигнаа серија голови и стекнаа предност од 8:4. Успеаја Хрватите да изедначат и впечеток е дека тој период беше најдобар во нивната игра на овој натпревар.

До крајот на полувремето домонираше „црвената фурија“, која во второто полувреме влезе со предност од пет гола.

Хрватите полека ја топеа предноста на Шпанците, дојдоа до 23:22, но не успеаја да изедначат. До егал дојдоа на 15 секунди до крајот (31:31), но во последната секунда Гомез ги постави 32:31.

Родригез постигна шест, Голез четири, а Одриозола и Тарафета по четири гола за Шпанија, во чии редови блескаше Де Варгас со 15 интервенции.

Кај Хрватска Кларица постигна седум, а Срна и Мартиновиќ по шест гола.

Во четвртфиналето силите ќе ги одмерат: Германија – Франција, Словенија – Норвешка, Шведска – Египет, Данска – Шпанија.



Преземено од: TopSport

Tetovo
overcast clouds
18.6 ° C
18.6 °
18.6 °
62 %
1.4kmh
98 %
Wed
18 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе...

Уапсен претседателот на Кошаркаскиот сојуз на Грција, под истрага и судии од Европлигата

Претседателот на Кошаркарската асоцијација на Грција, Вангелис Лиолиос,...

Мекалистер „удри“ по претходниот менаџер, Арне Слот

Синоќа на „Енфилд“, по спектакуларен пресврт, Ливерпул го...