СВР Тетово информира дека вчера (6 август) во 16.20 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја привеле 67 годишната гостиварка Ф.С., која била барана по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна.
Таа била предадена во Казнено – поправната установа Затвор во Скопје за издржување на казната.
Преземено од: GostivarPress













