СВР Тетово информира дека вчера (7 август) во 14.50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на крстосница на кеј „Братство – единство“ со улица „Панче Попоски“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „форд“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.Д.(30) од гостиварски Балиндол и мотоцикл „јамаха“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Ј.И.(36) од Гостивар.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник во мотоциклот, додека мотоциклистот се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицински центар во Гостивар, извести полицијата.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Гостивар.
Преземено од: GostivarPress













