Македонската машка ракометна репрезентација до 18 години го претрпе и третиот пораз во групната фаза на Европското првенство, откако попладнево загуби во Подгорица од Полска со 30-26.
По воведните порази од Франција и од Германија, на македонските ракометари им беше неопходна победа на Полјаците за да го избегнат последното место во групата кое сега ги води во битка за опстанок во најсилната конкуренција.
Македонските ракометари на полувремето беа во негатива од три голови (11-14), а на почетокот на вториот дел дојдоа и до израмнување (14-14).
Сепак, во продолжението, полските ракометари ја вратија предноста и ја зачуваа до крајот на натпреварот.
Македонската репрезентација настапот на ЕП го продолжува во разигрувањето за пласман од 17 до 24 место со императив да ги избегне последните три позиции кои носат испаѓање во „Б“ дивизијата.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Чија е одговорноста за големиот број на пожари низ државата?
- На целиот систем кој не може да одговори на зачестените пожари (41%, 392 Гласови)
- На пироманите (20%, 188 Гласови)
- На државата која нема соодветна стратегија за справување до пожарите (19%, 181 Гласови)
- На надлежните институции кои не презеле мерки (12%, 112 Гласови)
- На неодговорните граѓани (8%, 79 Гласови)
Вкупно гласови: 952
Преземено од: Линк













