10 активни пожари во моментов беснеат низ државата. Според информациите на Центарот за управување со кризи, денеска избувнале 22, од нив 3 се целосно изгаснати, а 9 се ставени под контрола. Покрај Галичица, ситуацијата е најаларматна и кај Македонски Брод, а вистински предизвик за службите е и пожарот меѓу Кочани и Македонска Каменица.
Се очекува бројката на пожари да се зголеми во текот на вечерните часови, со оглед на тоа дека имаме високи температури, а државата е во портокаова фаза.
Преземено од: Линк













