Времето денеска (недела) ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ-индексот ќе има вредност 6.
Во Гостивар максималната температура ќе достигне 33 степени.
Преземено од: GostivarPress













