Новата Противпожарна станица за Врапчиште и Боговиње ќе биде готова во ноември

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска ја посети Општина Врапчиште и новоизградениот објект наменет за Територијалната противпожарна станица за општините Врапчиште и Боговиње.

Перински изврши увид во текот на досегашната реализација на проектот и ги разгледа можностите за евентуална помош во актуелното справување со пожарите ширум земјава.

„Сега, кога на повеќе локации во земјава демнеат пламени јазици, несомнено е дека проектот суштински ќе делува за заштита на регионот во секој поглед. Истовремено, овие противпожарни капацитети веќе би можеле да ги ставиме во функција за гаснење на пожарите каде има потреба од логистичка поддршка. Во конретниов случај пак, загарантирана ќе биде безбедноста на преку 65.000 месно население, на нивните имоти, како и на 8.000 хектари планински терен и шумски појас во прекуграничниот регион. Нема да има простор за стравување. За жал, во минатото поради недостиг од соодветни капацитети, уништени беа над 5.000 хектари шума, а на моменти во опасност беше доведена и безбедноста на животите и имотите на населението од 30 рурални населби во регионот. Тоа сега ќе стане минато,“ истакна министерот.

Објектот е дел од проектот за „Прекугранична заштита од пожари – Fireshield“, финансиран од ЕУ програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија, чии носители се двете македонски општини, албанската Општина Черик и НВО Каритас југ од Албанија.

Вредноста на целиот проект е речиси 860.000 евра. Општините Врапчиште и Боговиње партиципраат со 545.000 евра, Министерството го помага проектот со 81.750 евра, а останатите средства се обезбедени преку ЕУ Програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија.

Предвидено е проектот да биде финализиран на крајот на месец ноември.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
overcast clouds
9.5 ° C
9.5 °
9.5 °
93 %
0.8kmh
100 %
Fri
16 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
15 °

Поврзани написи