Македонските одбојкари вечерва против Грција по клучен триумф за пласман на ЕП 2026

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Вечерва, во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, ќе се одигра дуелот кој може да биде пресуден за македонската машка одбојкарска репрезентација во квалификациите за Европското првенство 2026. Од 20:15 часот, македонските одбојкари ќе се соочат со селекцијата на Грција.

По убедливата победа над Грузија со максимални 3-0, македонската репрезентација е полна со самодоверба и надеж дека новиот триумф ќе ја доближи до посакуваниот пласман на Европското првенство 2026, кое ќе се одржи во Финска, Италија, Романија и Бугарија. Победата вечерва би значела значителен чекор кон освојување на првото или второто место во групата.

Влезот за натпреварот е бесплатен, одбојкарите ги повикаа љубителите на спортот да дојдат и да ја поддржат својата репрезентација во битката за пласман на ЕП 2026, и доколку постигнат позитивен резултат ќе биде четврто учество за македонската репрезентација, што воедно е и историски успех за одбојката во Македонија.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
few clouds
14.6 ° C
14.6 °
14.6 °
64 %
1.5kmh
13 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...

(Видео) Убедливи победи на Рома и Манчестер Сити, Наполи го преживеа Бодо/Глимт

Италијанските претставници во Лигата на шампионите, Рома и...