СВР Тетово информира дека вчера (29 август) во 14 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С.Б. (55) од Градец, поради сомнение дека на гробиштата во селото предизвикал пожар со палење на сува трева.
По целосно расчистување на случајот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок, извести полицијата.
Преземено од: GostivarPress













