Скопјани од утре со нови проблеми во градскиот превоз, дел од приватниците ќе пуштат само по еден автобус на една линија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Од понеделник автобускиот градски превоз во Скопје ќе биде редуциран. Дел од приватните превозници најавуваат дека ќе возат само една линија наутро.

На Јавното сообраќајно претпријатие, пак, му недостигаат автобуси за да може да го покрие зимскиот возен ред којшто почнува од понеделник. 

Од приватните превозници појаснуваат дека ќе биде пуштен само по еден автобус на една линија. Бараат да им биде исплатен долгот и да се зголеми цената која, како што посочуваат, е од пред осум години, поточно од 2017 година. 

Од друга страна, на Јавното сообраќајно претпријатие му недостигаат автобуси за да го покрие зимскиот возен ред.

Директорот на Јавното сообраќајно претпријатие  Драги Кушовски во интервју за МИА дадено во август изјави дека немаат доволен број на автобуси за да го пополнат летниот возен ред, а камоли зимскиот, и ги повика институциите да излезат во пресрет за обнова на возниот парк на ЈСП. 

Со цел да се надминат проблемите,  на 22 август беше одржана средба на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и претставници на советничките групи во Советот на Град Скопје по што беше договорено советниците да поддржат пренамена на средства за репарирање на 30 автобуси на ЈСП. 

На 29 август, на седницата на Советот на Град Скопје не добија поддршка проектите за набавка на нови автобуси и Брз автобуски превоз по што градоначалничката на Град Скопје испрати отворено писмо до Владата во кое ја повика Владата да ја спроведе набавката на новите авотбуси, а доколку немаат средства за таа намена, со одлука на Советот на Град Скопје, ќе ги префрлат потребните средства за набавката.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ... Loading …



Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
18.6 ° C
18.6 °
18.6 °
62 %
1.4kmh
98 %
Wed
18 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе...

Уапсен претседателот на Кошаркаскиот сојуз на Грција, под истрага и судии од Европлигата

Претседателот на Кошаркарската асоцијација на Грција, Вангелис Лиолиос,...

Мекалистер „удри“ по претходниот менаџер, Арне Слот

Синоќа на „Енфилд“, по спектакуларен пресврт, Ливерпул го...