Странски државјани купиле 10% од становите во Штип

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Нереалниот енормен раст на метар квадратен стамбен простор во Штип е резултат и на зголемената побарувачка од страна на студентите од Р. Турција, смета проценителот на недвижности Глигор Ивановски.  За нив најинтересни се новоизградените стамбени згради, каде претежно купуваат мали станови.

  • Имам вршено проценки на такви станови што ги купуваат странски државјани, пред се од Турција. Тоа се малку, но според мене 10% од продажбата на станови ја купуват странски државјани. Тоа не е страшно, меѓутоа во овој момент тоа ја зголемува цената на становите по метар квадратен. Тие купуваат станови до 60 м2, не им требаат големи, дури купуваат и по 40-37 м2, гарсоњери, за да нивното дете има нормални услови за студирање, изјави  Глигор Ивановски, проценител на недвижности

Математиката е проста, додава Ивановски, нема да изгубат од номиналната вредност, а ќе ја зачуваат и реалната од вложените средства.

  • Ако 5 години треба да студира нивното дете овде тие ќе го купат со мотивација дека и доколку треба да го продадат, ќе си ги вратат вложените пари, додаде Ивановски

Според податоците на даночното одделение, во 2022 и 2023 година во Штип се продадени 650 станови со процента вредност помеѓу 20 и 30 милиони евра.





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
18.6 ° C
18.6 °
18.6 °
62 %
1.4kmh
98 %
Wed
18 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе...

Уапсен претседателот на Кошаркаскиот сојуз на Грција, под истрага и судии од Европлигата

Претседателот на Кошаркарската асоцијација на Грција, Вангелис Лиолиос,...

Мекалистер „удри“ по претходниот менаџер, Арне Слот

Синоќа на „Енфилд“, по спектакуларен пресврт, Ливерпул го...