Регулаторната комисија за енергетика денес донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 0,57%.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за 0,5 денари по литар, и со тоа, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по 76,50 ден/лит, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 по 78,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на изнесува 68,50 ден/лит.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ не се менува, односно останува 69,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,390 ден/кг, и со тоа изнесува 44,780 ден/кг.
Преземено од: GostivarPress













