Од утре попладне и потоа преку ноќта, под влијание на нестабилна воздушна маса времето ќе биде променливо облачно и посвежо на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Локално ќе има појава на невреме, со интензивен пороен дожд (над 30 l/m² за кратко време), грмежи, силен ветер (над 70 km/h) и град, особено во вторник врнежите ќе бидат пообилни, а температурата ќе биде значително пониска, наведуваат од УХМР.
Денеска владее сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Максималната температура во Гостивар ќе достигне 29 степени.
Преземено од: GostivarPress













