Од утре дел од образовните асистенти почнуваат со работа

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Сите 815 образовни асистенти до крајов на неделава ќе започнат со работа во училиштата гарантира министерката за обвразование. Некои утре ќе потпишуваат договори, други веќе ќе почнат да работат со децата со попреченост. До крајот на септември треба сите најавени 1115 да почнат со работа. Училишната година започна без асистенти бидејќи немало предвидено средства во буџетот, но министерството за образование од следната година системски ќе го решава овој проблем.

Министерката Јаневска планира и законски да се регулира асистентот кој е доделен на детето, да продолжи да работи со него низ годините, односно да не им се менуваат асистентите на децата кои веќе се навикнале да работат со нив.

Менувањето на асистентот на децата со попреченост во училиштата може да има влијание врз нивниот секојдневен живот велат психолозите. Да предизвика дополнителен стрес, да се изгуби желбата за учење, да предизвика иритации и вон училиштето.

И Комисијата за спречување и заштита од дискриминација реагираше за доцнењето на ангажманот на асистенти во училиштата и апелираше до МОН да ја почитува обврската за обезбедување на правото на образование за секое дете без дискриминација.

Во Македонија во образовниот процес има вклучено околу 2000 деца со попреченост во основните училишта, во средните според информациите на МОН се 300. Еден асистент може да покрива и до три деца, но министерката Јаневка вели, ако има потреба, откако ќе направат проценки училиштата ќе се ангажираат и дополнителни асистенти.





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
13.2 ° C
13.2 °
13.2 °
69 %
0.4kmh
95 %
Sat
18 °
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
10 °
Wed
12 °

Поврзани написи

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ – претреси на повеќе локации

Основното јавно обвинителство Велес, постапувајќи во оформен предмет...

Мурињо пречкртал тројца играчи во Реал Мадрид

Жозе Мурињо веќе почна да го обликува Реал...

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама

Денеска, на протестот пред кабинетот на премиерот во...

ПСЖ замената за Кварацхелија ја најде во Баскија

Хвича Кваратцхелија заработи сериозна повреда на коленото на...

Тема на денот со Димитар Димески, историчар

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Тема на...