Халанд нема да биде казнет за овој неспортски потег, ја фрли топката во главата на противничкиот фудбалер

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Ерлинг Халанд нема да биде казнет затоа што ја фрли топката во глава на противничкиот фудбалер Габриел во финишот на средбата со Арсенал.

Да потсетиме, Манчестер сити го израмни резултатот во 98. минута од вчерашниот натпреварот со Топџиите (2:2) во 5. коло од Премиер лигата. 

Откако Џон Стоунс го постигна израмнувачкиот погодок, Халанд налета на голот на Арсенал, ја зграпчи топката и ја фрли во задниот дел од главата на дефанзивецот на Арсенал, Габриел, кој беше свртен со грбот кон Норвежанецот.

Според новинарот на „Дејли мејл“, Џек Гоган, ВАР ја прегледал оваа епизода за време на натпреварот и сметал дека не е потребна никаква интервенција од судиите.

Во оваа насока, напаѓачот на Сити нема да биде казнет по натпреварот.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ... Loading …



Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
18.6 ° C
18.6 °
18.6 °
62 %
1.4kmh
98 %
Wed
18 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи