По натпреварот од втора лига меѓу Вардар Неготино и Охрид Лихнидос, гостинскиот голман Андов бил нападнат и удрен од навивач кој упаднал на теренот.
„По завршување на мечот нашиот голман како и уште неколку наши фудбалери беа физички нападнати од неофицијални лица на теренот. Исто така и минатата сезона бевме сведоци на слични случувања во Неготино но немаше реакција од наша страна. Бараме сега реакција од одговорните лица во федерацијата“, стои во соопштението на Охрид Лихнидос.
Преземено од: Линк













