„Не е важно кој си и од каде, туку да имаш добра песна“ – Концерт на „Дивље јагоде“ во Филхармонија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Легендарната рок група „Дивље Јагоде“, вечерва петок , 27-ми септември 2024 година ќе има  концерт во Скопје во „Македонската филхармонија“, со почеток во 21.00 часот.

Пред концертот продукцијата „Сцена“ ,   во градската кафеана „Пелистер“ во Скопје одржа прес и дружење членовите на „Дивље јагоде“,  чиј модератор беше музичкиот новинар и ТВ водител Антонио Димитриевски.

На пресот пред новинарите лидерот и основач на групата Сеад Зеле Липовача говореше за себе, почетоците, како настанала групата и нејзиниот тек низ сите овие години. Раскажувајќи интересни случки од личната и кариерата на бендот, Заеле потенцираше дека за да успееш да опстанеш сиве овие години не е важно колку време постоиш, како се викаш, дали си убав или грд, паметен или без памет, па дури ни колку добро свириш и пееш… најважно од се е да имаш добра песна.

divlje jagode111

„Што се однесува до публиката таа е секаде иста ако успееш да создадеш хенмија меѓу бендот на сцената и нив долу во партерот или на трибините. Ако има фидбек, концертот ќе биде успешен. Ние сме едни од тие што секогаш оставаат ‘срце на терен’ без оглед каде и пред колку луѓе настапуваме. Особено оваа, која сметам дека е златната постава на групата“ -рече меѓудругото лидерот на „Јагоде“, кој нагласи дека сепак има мала разлика , еден вид јаз на генерациите помеѓу оние кои растеле со нивните песни и овие новиве деца, кои сега ги откриваат.

Зеле и екипата ќе ги отсвират и испеат нивните најголеми хитови од почетоците на бендот, па се’ до оние од неодамна излезениот, најнов, 13-ти по ред студиски  албум „Прати моје старе трагове“. Тој призна дека за прв пат ќе свират во малку необичен амбиент – филхармониска сала, но затоа пак свирката ќе биде прилагодена за сите вкусови. Електрично-акустичен концерт кој во својата средина ќе има получасовна „анплагд блок“ изведба на некои од нивните најпознати балади.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ... Loading …



Преземено од: Линк

Tetovo
clear sky
8.8 ° C
8.8 °
8.8 °
88 %
0.1kmh
0 %
Sat
17 °
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
11 °
Wed
4 °

Поврзани написи

Тема на денот со Димитар Димески, историчар

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Тема на...

Јувентус има 16 повредени фудбалери

Им нема крај на проблемите со повредите, со...

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД, доколку...