Полицијата се сомнева дека е убиство, трагично заврши потрагата по Македонката која на 2 септември исчезна во Германија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Македонката Наташа Соврановски која што беше пријавена за исчезната на 2 септември во Германија е мртва, а тамошната полиција истражува дали се работи за убиство, јави ТВ Телма вечерва.

Нејзиното тело е пронајдено во шумска област во Бад Тејнах – Завелштајн, кој се наоѓа во близина на градот Штутгард, информираат од германската полиција.

Во рамки на истрагата, осомничен за убиството е 45 годишен маж кој, како што наведува полицијта, имал лична врска со Соврановски. Тој е приведен и на него му е определена мерка притвор. Се сомничи за убиство од небрежност.

Полицијата ги повика сите оние кои биле сведоци или имаат информации во врска со исчезнувањето и смртта на Македонката да ги контактираат.

25 годишната девојка последен пат била видена на втори септември во 20:15 часот во Бад Тејнах – Завелштајн, во близина на Штутгард. Од тогаш и се загуби секаква трага.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ... Loading …



Преземено од: Линк

Tetovo
clear sky
9.7 ° C
9.7 °
9.7 °
87 %
0.2kmh
0 %
Fri
10 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
13 °
Tue
13 °

Поврзани написи

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД, доколку...

Кошта: ЕУ ќе покрие две третини од дополнителните 70 милијарди евра за Украина

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта изјави дека...

Интерконтинеталниот куп во Доха, ПСЖ го чека противникот

Светската фудбалска федерација (ФИФА) објави дека финалето на...