Министерството за администрација даде насоки до институциите како да постапуваат со вработувања додека балансерот е стопиран

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Министерството за јавна администрација даде насоки за постапување на институциите од јавниот сектор по одлуката на Уставниот суд за замрзнување на алатката „балансер“ при вработувањата во јавната администрација.

„Во врска со Решението на Уставниот суд на Република Северна Македонија У.Бр.90/24 од 18 септември 2024 година, Министерството за јавна администрација даде насоки за постапување на институциите од јавниот сектор, опфатени во точката 1 од  ова Решение“, соопштија денеска од Министерството.

Оттаму посочуваат дека веќе започнатата постапка за вработување во институциите од јавниот сектор се прекинува, ако јавниот оглас за вработување во институција од јавниот сектор е изготвен согласно актите односно одредбите кои се опфатени во точка 1 од Решението на Уставниот суд (т.е. во јавниот оглас се наведува припадност на заедница, а пак кандидатот се обврзува во пријавата да ја истакне припадност на заедница).

„Веќе започнатата постапка за вработување во институциите од јавниот сектор продолжува, ако јавниот оглас за вработување во институција од јавниот сектор не е изготвен согласно актите односно одредбите кои се опфатени во точка 1 од Решението на Уставниот суд (т.е. во јавниот оглас не се наведува припадност на заедница ниту пак кандидатот се обврзува во пријавата да истакне припадност на заедница)“, се наведува во соопштението.

Во Регистарот на вработени во јавниот сектор, како што посочуваат од Министерството за јавна администрација,  не се евидентираат податоците за вработените во институциите.

Уставните судии на седницата одржана на 18 септември одлучија да отворат предмет за употребата на „балансерот“ при вработувањата во јавната администрација. Во меѓувреме, додека да одлучат дали е уставен или не, „балансерот“ ќе биде „замрзнат.

На седницата уставните судии расправаа дали со наведувањето на припадноста на заедницата којашто е потребна за пополнување на секое работно место, на кандидатите за административни службеници им се ограничува достапноста на секое работно  место, односно дали со „обврска на кандидатите за админстративни службеници во пријавата за вработување меѓу останатите лични податоци да наведат и припадност на заедница“ се  нарушува начелото на стручност и компетентност и се повредува и уставно загарантираното право на работа и слободен избор на вработување.

Претседателот на Уставниот суд и судија известител по предметот, оформен по иницијатива од ДКСК, Дарко Костадиновски, нагласи дека апсолутно не зборуваат за укинување на нечии права и дека според него оваа афирмативна мерка ја има исполнето својата цел и оти само мерит системот и компетентноста треба да се единствен критериум за вработување и унапредување.

Антикорупциската комисија на седницата одржана на 11 јануари годинава одлучи да поднесе иницијатива до Уставниот суд за преспитување на алатката „балансер“, бидејќи сметаат дека со ова се прават злоупотреби при вработувањата.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
broken clouds
16.4 ° C
16.4 °
16.4 °
56 %
0.5kmh
66 %
Sat
16 °
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
11 °
Wed
9 °

Поврзани написи

Жоржињо паднал на допинг тестот?

Поранешниот италијански репрезентативец Жоржињо (34) наводно бил позитивен...

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ – претреси на повеќе локации

Основното јавно обвинителство Велес, постапувајќи во оформен предмет...

Мурињо пречкртал тројца играчи во Реал Мадрид

Жозе Мурињо веќе почна да го обликува Реал...