Препорака од експерти: Секојдневно хлорирање на водата и хиперхлорирање кога има зафати на водоводната мрежа

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


По неколкудневна забрана за пиење, која дојде како резултат на откриени бактерии, водата од водоводот во Гостивар повторно е безбедна и може да се консумира. Ова го потврдија денес и од Јавното претпријатие „Комуналец“, како и од службата на Центарот за јавно здравје во Гостивар.

За три последователни анализи на примероци земени претходните неколку дена добиени се резултати кои одговараат на прописите.

„Последните резултати стигнаа денес, тие се добри, значи водата одговара и микробиолошки и физичко-хемиски. Со тоа можам да кажам дека водата од градскиот водовод може да се пие, односно ги задоволува законските норми за безбедност на водата за пиење.“, рече д-р Берун Мустафа, специјалист по хигиена во гостиварскиот Центар за јавно здравје.

Службите утврдиле дека изминатите денови водата била хлорирана, вклучувајќи го и викендот. Експертите оценуват дека тоа е најважно за водата да биде безбедна за пиење.

„Тоа е и една препорака до комуналното претпријатие, дека водата треба да биде хлорирана континуирано, секојдневно, без да се остави простор за загадување. Исто така, може да препорачам комуналното претпријатие понекогаш да врши и хиперхлорирање на водата, особено тогаш кога се преземаат активности врз водоводната мрежа, во вид на нови приклучоци и санирање на дефекти. После такви активности потребно е да се врши хиперхлорирање,  дезинфекција со поголема концентрација на хлор, се разбира со претходно информирање на јавноста дека тоа ќе се врши и за тоа време да не се пие водата.“, вели д-р Мустафа.

Како што појаснува, дезинфекцијата на водата може да се врши на неколку начини, но за нашето подрачје наприкладно е хлорирањето, а хлорот се смета за најдокажано средство што ги убива бактериите и вирусите.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
scattered clouds
15.2 ° C
15.2 °
15.2 °
65 %
0.6kmh
35 %
Fri
15 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
15 °
Tue
15 °

Поврзани написи