ЗСЛ Штип и општината го одбележаа 15ти октомври, меѓународниот ден на белиот стап

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Здружението на слепи лица на град Штип, со традиционална средба со градоначалникот и директорите од јавните претпријатија во градот, го одбележаа Меѓународниот ден на белиот стап, 15ти октомври.

Како што истакна пред присутните, претседателот на здружението, Драги Витанов, како резултат на долгогодишната и плодна соработка со локалната самоуправа, членовите на здружението бесплатно го користат јавниот градски превоз, има и субвенции на сметките на водата, а дел од членовите на Здружението , кои го знаат Брајовото писмо сметките за потрошената вода за пиење од ЈП „Исар“ ги добиваат на ова писмо.

На Светскиот ден на белиот стап, Витанов додаде дека остануваат да се решат и барањата за подобра инфраструктура, бидејќи на тротоарите и улиците има препреки кои им создаваат проблеми при движењето, како што се сообраќајните знаци и тротоарите пред пешачките премини.

  • Одлична ни е комуникацијата со градоначалникот и директорите на Јавните претпријатија, со цел да ги решиме проблемите или барикадите со кои се соочуваме секојдневно. Во делот на инфраструктурата има присутни бариери, барикади. Поголем дел од нив  полека, полека се решаваат и надминуваат тие проблеми, вели Витанов.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов истакна дека задача на општината е да им го олесни животот на слепите лица и на лицата кои имаат проблеми со видот. Решавањето на дел од брањата на Здружението на слепи лица е и резултат на честите средби и разговoри кои ги имаат во текот на годината, а не само на Светскиот ден на белиот стап.

  • Доста често вашиот претседател ни алармира за одредени состојби, кои се под наша надлежност мора да напоменам дека дел од проблемите не можеме да ги решиме, но затоа сме во комуникација со министерството за економија и труд. Морам да истакнам дека и долж коритото на река Отиња е поставена  ограда, кое беше долгогодишно барање на Здружението, со цел поголема безбедност на сите пешаци, но и на лицата кои имаат одреден инвалидитет, рече Јорданов пред присутните членови на Здружението.

Тој посочи дека како локална власт стојат на располагање, да се решат сите проблеми и пречки кои ги имаат членовите на Здружението на слепи лица. 

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
few clouds
8.8 ° C
8.8 °
8.8 °
82 %
0.1kmh
20 %
Sat
17 °
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
11 °
Wed
8 °

Поврзани написи

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама

Денеска, на протестот пред кабинетот на премиерот во...

ПСЖ замената за Кварацхелија ја најде во Баскија

Хвича Кваратцхелија заработи сериозна повреда на коленото на...

Тема на денот со Димитар Димески, историчар

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Тема на...

Јувентус има 16 повредени фудбалери

Им нема крај на проблемите со повредите, со...

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД, доколку...