Кажете му „ДА“ на цвеклото, зеленчук што ќе ве препороди!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Сурово, во форма на сок, во салата или варено – цвеклото е идеално во која било форма. Покрај бојата и специфичниот, донекаде земјен вкус, цвеклото може да се пофали и со мноштво витамини и минерали, кои имаат и лековити својства.

Една порција цвекло (100 грама) содржи 1,7 грама протеини, 10 грама јаглени хидрати, дури 20 отсто од дневната норма на фолати, 14 отсто од препорачаната количина на манган, калиум, магнезиум и витамини Ц и Б6. Благодарение на својот исклучителен состав, цвеклото според мислењето на нутриционистите е вистински „суперзеленчук“, кој носи грст здравствени придобивки за организмот.

Цвеклото помага во контрола на крвниот притисок

Високиот крвен притисок е еден од главните фактори на ризик за развој на кардиоваскуларни заболувања. Одредени студии покажаа дека сокот од цвекло може да го намали нивото на систолниот (повисокикот) и дијастолниот (понизок) крвен притисок. Ефектот на цвеклото е повидлив при регулирање на повисокиот притисок, а за најдобри резултати се препорачува цвеклото да биде сирово.

Придонесува за подобри резултати од вежбањето

Диететските нитрати, кои се наоѓаат и во цвеклото, можат позитивно да влијаат на резултатите од физичката активност. Нитратите влијаат на функционирањето на организмот и ја зголемуваат ефикасноста на митохондриите чија главна задача е производство на енергија. Освен тоа, цвеклото ја подобрува издржливоста и го намалува чувството на замор.

Цвеклото ги ублажува воспалителните процеси во организмот

Цвеклото е богато со пигментот беталин, кој се покажал како многу ефикасен во борбата против воспалителните процеси во организмот. Во исто време, цвеклото се препорачува за третман на дебелина, кардиоваскуларни заболувања и заболувања на црниот дроб. Истражувањата покажаа дека за првите позитивни резултати потребни се околу две недели континуирано консумирање сок од цвекло.

Го подобрува здравјето на мозокот

Менталните и когнитивните функции постепено се намалуваат како што се приближува староста, а овој природен феномен може да доведе до невродегенеративни состојби, како што е деменција. Нитратите во цвеклото, освен што ја подобруваат физичката подготвеност, позитивно влијаат и на васкуларниот систем, благодарение на што повеќе крв стигнува до мозокот. Научно е докажано дека цвеклото придонесува за подобар проток на крв во фронталниот лобус, кој е одговорен за донесување одлуки и меморија.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
scattered clouds
11.5 ° C
11.5 °
11.5 °
75 %
1.3kmh
39 %
Sun
15 °
Mon
13 °
Tue
9 °
Wed
10 °
Thu
12 °

Поврзани написи

(Видео) Нејмар направи хаос – Доби црвен картон поради „правилото Винисиус Жуниор“

Бразилскиот фудбалер Нејмар (34) предизвика голем инцидент за...

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Тема на...

На Сити му се заканува исфрлање од лигата и присилна продажба на клубот

Независниот фудбалски регулатор (IFR) ќе има „апсолутна моќ“...

Србија утре избира нов парламентарен состав

Речиси 6,5 милиони луќе утре имаат право да...

(Видео) Наполи водеше три пати и не успеа да ја победи Рома

Фудбалерите на Наполи и Рома одиграа нерешено 3:3...