Досега вакцинирани над 19.000 граѓани пртив сезонски грип

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Министерството за здравство информира дека за вакцинација против сезонски грип досега се пријавени над 61.000 граѓани што, како што наведуваат, покажува голем интерес на граѓаните да се заштитат од компликации од сезонскиот грип. Во пунктовите за вакцинација веќе се вакцинирани над 19.000 граѓани.

– Почнувајќи од денеска, мобилните тимови од здравствените установи ќе спроведуваат вакцинација во домовите за стари лица. Вакцинацијата против сезонски грип претставува најефикасна мерка за превенција од грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход, особено кај ризичните групи, се вели во соопштението.

Од Министерството за здравство потсетуваат дека пријавувањето се врши со пополнување на апликацијата vakcinacija.mk и со тоа директно се регистрираат за вакцинација во системот „Мој термин“. 

– Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, преку смс граѓаните добиваат повратна информација за точниот датум, час и место кога треба да се вакцинираат. Со бесплатна вакцинација се опфатени ризичните групи население, како што се: повозрасни лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од шест месеци до пет години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица, стои во соопштението. 

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
scattered clouds
11.5 ° C
11.5 °
11.5 °
75 %
1.3kmh
39 %
Sun
15 °
Mon
13 °
Tue
9 °
Wed
10 °
Thu
12 °

Поврзани написи

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Тема на...

На Сити му се заканува исфрлање од лигата и присилна продажба на клубот

Независниот фудбалски регулатор (IFR) ќе има „апсолутна моќ“...

Србија утре избира нов парламентарен состав

Речиси 6,5 милиони луќе утре имаат право да...

(Видео) Наполи водеше три пати и не успеа да ја победи Рома

Фудбалерите на Наполи и Рома одиграа нерешено 3:3...

(Видео) Автогол каков што не сте виделе – Челзи на колена пред Тотенхем

Градското дерби, во осмото коло на „Стенфорд Бриџ“,...