Секогаш кога зборуваме за слабеење, вежбање, одржување на линија, градење мускули и слично, протеините секогаш некако се појавуваат во разговорот. Тие важат за исклучително важна хранлива материја, но дали може да се претера со нив?
Прекумерното внесување на масти не е оптимално за организмот, ниту пак прекумерното внесување на јаглехидрати. Но, што е со протеините?
Одговорот е – може, а кога и доколку се случи, телото ќе ве информира со следните симптоми:
Дехидрација
Кога внесувате повеќе протеини отколку што му треба на вашето тело, вашите бубрези ќе работат прекувремено за да ги обработат.
При тоа, азотот, составен дел на амино киселините во протеините, се исфрла од телото преку урината, што на крајот може да доведе до дехидрација.
Симптомите може да вклучуваат чувство на жед, замор, вртоглавица, како и невообичаено сува кожа или сува уста.
Пенеста урина
Ако вашата урина изгледа како пена, тоа може да биде знак за протеинурија или високо ниво на протеини во урината. Исто така, можно е да се чувствувате како да мора постојано да уринирате, што е уште еден симптом кој може да укаже дека консумирате премногу протеини.
Иако се потребни дополнителни истражувања, треба да се внимава.
Камења во бубрезите
Иако консумирањето повеќе протеини, особено животински протеини, обично не доведува до камења во бубрезите, ова е исто така нешто на што треба да внимавате, особено ако имате историја на камења во бубрезите или фактори на ризик за состојбата.
Конзумирањето премногу животински протеини може да доведе до камења во бубрезите поради често мокрење, што се јавува како резултат на исфрлање на вишокот азот преку разградување на протеините во бубрезите.
Неправилни движења на дебелото црево
Јадењето премногу хранлива состојка вклучително и протеини може да го отежне варењето и да доведе до дигестивни проблеми како што е запек.
Запекот е честа појава во овој случај бидејќи често се случува со внесување на зголемена доза на протеини да се намали внесувањето на други хранливи материи како што се влакната и воопшто поради тоа што недостига балансирана исхрана потребна за регулирање на работата на цревата.
Затоа е најдобро да одржувате урамнотежена исхрана, да внимавате на големината на порциите и да вклучите храна како овошје, зеленчук и цели зрна во вашата исхрана.
Преземено од: GostivarPress













