Вчера, на 29.10.2024 во 14.00 часот во ОВР Гостивар, Р.С.(32) од Гостивар, пријавила дека околу 10.00 часот, додека била на работно место во Општина Гостивар и чистеле заедно со нејзината колешка Х.Х.(39) од Гостивар, од неговата канцеларија излегол Е.Е. и физички ги нападнал, по што бил спречен од негов колега да продолжи со нападот, информираат од СВР Тетово.
ОВР Гостивар презема соодветни мерки за расчистување на случајот.
Преземено од: GostivarPress













